Откако синоќа ТФТ (со пораз) го запозна настапот во АБА2 лигата, денеска на ред е да стапи МЗТ Скопје Аеродром.
Македонскиот првак кој по еден сезона, се врати во второлигашката конкуренција, а својот меч од 1.коло ќе го игра вечерва.
Противник на аеродромци ќе хрватскиот претставник Цедевита Јуниор.
МЗТ во натпреварувањето влегува со амбиции за највисок пласман односно вражање во елитната конкуренција.
Затоа тренерот на МЗТ, Васко Атанасов вели дека тимот нема право на грешка.
„Средбите во Суботица ќе бидат одличен тест за нашата сила и квалитет со кој располагаме.
Со амбиции за највисок пласман влегуваме во АБА2, која се игра забрзано, па речиси да немаме право на грешка.
Против Цедевита јуниор ќе пробаме од стартот да го наметнеме ритамот и нашиот стил на игра и да го искористиме завидното искуство, кое многу ќе ни значи во ова натпреварување.
Верувам во својот тим и во успешен старт на јадранската сезона“, изјави Атанасов.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Јуниор ќе се игра во вечерниот термин од 21 часот.
Потсетување дека покрај МЗТ и ТФТ, во АБА2 лигата игра и Пелистер. Битолчани утре ќе го играат својот прв натпревар, а во петок во рамките на 2.коло е и македонското дерби МЗТ – Пелистер.