Со три натпревари денеска започнува новата сезона во женската кошаркарска Прва лига.

Според истиот систем за натпреварување, осум екипи кои беа дел од оваа конкуренција, ја сочинуваат и во новиот шампионат.

Екипата на Баскет Кам одбраната на титулата ќе ја почне со гостувањето во Струга.

Според играчкиот ростер тимот од Македонска Каменица и сезонава ќе ја има улогата на главен фаворит за шампионскиот трофеј.

Нивни конкуренти треба да бидат кошаркарките на Вардар кои сезоната ќе ја почнат утре со дуелот против минатогодишниот финалист Бадел.

Во првите два натпревари од сезоната. Освојувачот на Купот, МЗТ Скопје Аеродром за противник ќе ја има екипата на Крива Паланка, а Пробасет ќе игра со Куманово Гризли.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 1. КОЛО
недела
14.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КРИВА ПАЛАНКА
14.00: ПРОБАСКЕТ – КУМАНОВО ГРИЗЛИ
16.00: СТРУГА 2009 – БАСКЕТ КАМ 2011
понеделник
18.00: ВАРДАР – БАДЕЛ 1862