Во прволигашката конкуренција попладнево ќе бидат одиграни два натпревари.

Дербито во Струга, каде шампионот Струга Трим Лум шампионот ќе го пречека трето рангираниот Силекс.

Стружани ги загубија последните два натпревари и тоа дерби средбите со Шкупи и Шкендија и веќе заостануваат 5 бодови зад тетовската екипа која е лидер на табелата.

Од друга страна. Силекс е во одлична форма и не знае за пораз на последните пет натпревари. Кратовци и на гостински терен знаат како да одиграат, па во петте натпревари имаат само еден неуспех.

Минатата сезона стружани ги добија сите три соочувања, вклучувајќи го и полуфиналето во Купот, па се надеваат дека ќе ја продолжат победничката серија над Силекс.

Вториот натпревар е дуел на прво и последно пласираните екипи.

Лидерот на табелата Шкендија му гостува на последно пласираниот Вардар. Некогаш ова беше големо дерби, но сега двата тима се во дијаметрално спротивни улоги.

Со само една победа на осумте одиграни натпревари и 5 бодови Вардар е во улога на аутсајдер, но Шкендија секогаш била инспирација за вардарци.

„Натпреварот со Шкендија е големо дерби во македонскиот фудбал.

Пред неколку години двете екипи се бореа за трофејот, но сега за жал Вардар е последен на табелата и секако дека овој дуел ќе биде многу тежок за нас.

Играме со лидерот, меѓутоа трендот на Вардар оди кон подобро и мислам дека и овој натпревар ќе има што да кажеме.

Ќе настојуваме да победиме, бидејќи ние сме Вардар и тоа е нашата цел“,

изјави Александар Васоски тренерот на Вардар.

Ќе биде ли мотивацијата или пак квалитетот пресуден останува да се види по натпревари, што ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари од 14 часот. Овој натпревар може да го гледате низ директен пренос на Спорт Клуб 6.

Дербито Струга Трим Лум – Силекс во живо на програмата на МРТ 1  и  МРТ 3

ПРВА ЛИГА – 10.КОЛО
недела (14 часот)
СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
одиграно вчера
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-1
БРЕРА СТРУМИЦА – ГОСТИВАР 0-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1

Standings provided by Sofascore