Супер натпревар со два црвени картони за голманите на Милан и Џенова, заврши со победа за гостите со 0:1.

Во натпревар во кој 86 минути буквално немаше ништо интересно видовме вистинска драма во финишот.

Кристијан Пулишиќ со сомнителен гол во 87-та минута донесе предност од 0:1. ВАР проверката траеше 3 минути но на крајот голот остана регуларен.

Драмата следуваше во 94-тата минута кога Мањон направи непромислен потег кога со неспортски старт заработи црвен картон.

Пиоли ги изврши сите пет измени па на голот застана Жиру.

Ударот од слободен удар се одби од играчите во живиот ѕид и заврши во пречката.

Две минути подоцна Жиру како врвен голман одбрани зицер против Пушкаш а во продолжението и голманот на Џенова Мартинез доби црвен картон.