Лаутаро Мартинез повторно стрелаше за Интер, но неговиот 10 гол сезонава не беше доволен за победа на Интер. Болоња цврсто го издржа налетот на Интер избори реми 2-2.
Во 11.та и 13.та минута Интер го отвори резултатот со головите на Ачерби и Лаутаро Мартинез. Но Болоња по пеналот во 19.та минута се врати на резултат од 2-1. Стрелец на пеналот беше Орсолини.
Во второто полувреме Интер напаѓаше ама Болоња постигна гол. Џошуа Зиркзи постигна гол за 2-2. Алексис Санчез заби гол, но ВАР го поништи поради офсајд.
По овој натпревар нема никакви промени на табелата во Серие А. Интер е лидер со 19 бода.
Градскиот ривал Милан пак, има 18 бода, кои подоцна го играат натпреварот од ова коло. Болоња со 11 бода се наоѓа на 8.та позиција.
Андреј Велјановски