Во Првата македонска лига попладнево беа одиграни четири натпревари од 10-тото коло. 

Дербито во Кавадарци меѓу Тиквеш и Шкупи заврши без победник. Домаќините отворија како што посакуваа. Поведоа со голот на Спахиу во 22-та минута. Лошата проценка на голманот Димовски, Воша во 37.минута го претвори во израмнување на 1-1.

Продолжи агонијата на струмичка Брера. И во шестиот натпревар во низа струмичани не успеваат да се израдуваат. Напротив тие се поразени од Гостивар со 0-1 со голот на Нигериецот, Ланре Кехинде во 15-тата минута. 

Со двата гола на Црногорецот, Марушиќ, вториот од сомнителен пенал, Воска ја победи Македонија Ѓорче Петров со 2-1.

Интернационалците од Јамајка, Андерсон и Вебстер , и донесоа победа на Брегалница во дуелот со Работнички со 2-1 .

Оваа рунда ќе биде заокружена со двата натпревари закажани за утре.

ПРВА ЛИГА – 10.КОЛО
сабота
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-1
БРЕРА СТРУМИЦА – ГОСТИВАР 0-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
недела (14 часот)
СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА