Дерби натпреварите од 7.коло во Бундес лигата донесоа големи возбудувања и дузина голови.

Екипите на Штутгарт и Борусија Дортмунд ја искористија предноста на домашниот терен, освоија по три бода и се пробија на првите две позиции на табелата.

Тимот на Штутгарт имаше негатива од 0-1 по првиот дел со Волфсбург.

Сепак со хет-трикот на Гуираси во вториот полувреме домаќините стигнаа до победа. Фудбалерот од Гвајана, серијата ја почна во 61.минута од пенал. Погоди и во 78-та и 82-та за конечни 3-1 за Штутгарт.

И во Дортмунд, домашниот тим првиот дел го заврши со негатива од 1-2, иако поведе со голот на Фулкур во 7.минута,

Во вториот дел „милионерите“ постигнаа три гола (Шлотерберг, Брант и Риерсон), за победа со конечни 4-2 над Унион Берлин.

Од фаворитите кикс направи Лајпциг кој пред својата публика одигра без голови против Бохум.

Штутгарт е нов лидер на табелата со 18 бодови, пред Борусија Дортмунд (18).

На третото и четвртото место се Баер Леверкузен (16) и минхенски Баерн (14) кои утре ќе ги игра своите натпревари од оваа рунда. Лајпциг петто рангиран со 14 бодови.