Осум нови натпревари нé очекуваат денеска во фудбалската Лига на шампиони.
По вчерашните големи возбудувања, исполнети со 30 голови и многу пресврти и денеска може да очекуваме интересни натпревари.
Секако најголемо внимание ќе привлечат натпреварите во така-наречената „група на смртта“.
Во „Ф“ конкуренцијата дербито се игра во Дортмунд каде Милан и гостува кај Борусија. „Милионерите“ беа поразени од ПСЖ во првото коло, во кое „росонерите“ одиграа без голови со Њукасл. Така за двата тима поразот вечерва не е опција. Вториот меч ќе се игра во Англија, а Њукасл ќе го пречека ПСЖ.
Уште еден натпревар во Германија ќе привлече внимание. Екипата на Лајпциг која и сезонава игра одлично, ќе треба да се докаже во дуелот со актуелниот шампион Манчестер Сит.
Дерби ќе се игра и во последната „Х“ група. Во него ќе се сретнат Порто и Барселона екипите кои групната фаза ја започнаа со убедливи победи над Шахтјор и Антверпен.
Во Мадрид, Атлетико ќе се обиде да стигне до првата победа, откако тоа го пропушти на гостувањето кај Лацио во судиското дополнение. Избраниците на Диего Симоне ќе го пречекаат Феенорд кој во првата рунда лесно се справи со шкотскиот Селтик.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО
Е група
18:45 АТЛЕТИКО МАДРИД – ФЕЕНОРД
21:00 СЕЛТИК – ЛАЦИО
Ф група
21:00 ЊУКАСЛ – ПСЖ
21:00 БОРУСИЈА ДОРТМУНД – МИЛАН
Г група
21:00 ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
21:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЈАНГ БОЈС
Х група
18:45 АНТВЕРПЕН – ШАХТЈОР
21:00 ПОРТО – БАРСЕЛОНА