Попладнево во Тетово ќе се одигра дерби дуел од Првата лига.

Во заостанат натпревар од 2.коло, екипата на Шкендија го пречекува шампионот Струга Трим Лум.

Ова е дуел на две од четирите прворангирани екипи на табелата.

Тетовци во овој меч влегуваат со два бода предност во однос на Струга која има одиграно и еден натпревар помалку од противникот.

Стружани во неделата го загубија дербито во Чаир, додека тетовци се извлекоа од пораз во последните минути на гостувањето кај Гостивар.

Евентуален нерешен резултат ќе им одговара на нивните конкуренти за највисок пласман.

Исходот од овој меч со внимание ќе го следат Шкупи и Силекс кои се на првото и третото место на табелата.

Во пресрет на овој натпревар Шкупи е лидер со 18 бодови (9 одиграни натпревари). Следуваат, Шкендија 17 (8), Силекс 16 (9), 15 (7)…

Натпреварот во Тетово ќе почне од 14 часот.