Во Првата машка кошаркарска лига денеска ќе бидат одиграни два натпревари.
Во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје Аеродром го превлекува тимот на Гостивар.
Двете екипи сезоната ја отворија победнички. Аеродромци славеа на гостувањето кај Кожув, а Гостивар во првото вонсезонски дерби го победи битолски Пелистер. Во натпреварот во кој обете екипи имаат амбиции за победа, шампионот МЗТ ќе ја има фаворитската улога.
Инаку, ова е натпревар од 2.коло, а се игра порано од останатите поради настапот на аеродромци во АБА 2 лигата. Првиот турнир во регионалната конкуренција започнува во понеделник, а покрај МЗТ Скопје, во ова натпреварување Македонија ќе биде претставувана и од Пелистер и ТФТ.
Натпреварот МЗТ Скопје – Гостивар ќе почне од 18 часот, термин во кој ќе се игра и последната средба од 1.коло меѓу Академија ФМП и Еуро Никел.
Двата денешни натпревари можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.