Во женската ракометна Супер лига денеска ќе бидат одиграни два натпревари во Скопје.

Ракометарките на Ѓорче Петров и Чаир по настапот на европската, сега се враќаат на обврските на домашната сцена.

Двата тима изминатиот викенд ги играа натпреварите во ЕХФ Европскиот куп, затоа не настапија во Супер лига.

Така попладнево шампионот Ѓорче Петров ќе гостува во Автокоманда на тимот на Металург.

Чаирчанки пак пред својата публика против Пелистер ќе сакаат да се „рехабилитираат“ од дека лошиот настап против Венло.

Мечот во Автокоманда е закажан за 13.30 часот, а оној во Чаир ќе стартува од 18 часот.

Двата натпревари можете да ги гледате овде.