Со победата над Исланд 35:30, ко-домаќинот на Светското првенство Шведска обезбеди пласман во четвртфиналето.
Во мечот од втората рунда на групата 2 одигран во Гетеборг, кој го судеа нашите арбитри Николов и Начевски, а со голема поддршка од трибините Швеѓаните си ја завршија работата уште од сега, иако останува уште една рунда во групната фаза.
Шведска е убедливо прва на табелата сега со 8 бодови, три повеќе од Португалија со која ќе игра по два дена. Покрај Португалците шанса за второто место сеуште имаат и Исланѓаните како и Унгарците кои имаат по 4 бодови.
Инаку попладнево од групата 1, своето место во четвртфиналето го осигураа Шпанија и Франција со победите над Словенија и Иран, па нивниот меѓусебен дуел во недела, само ќе решава која селекција ќе биде прва, а која втора на табелата.