Фудбалерите на Милан го победија Лацио на домашен терен со 2:0, во рамките од 7.коло на Серија А.
Првото полувреме на „Сан Сиро“ не донесе никакви возбудувања.
Во вториот дел домаќините тргнаа по агресивно. Тоа вроди со плод во 60-тата минута. Акцијата на домашниот тим траеше долго, а заврши со одлична асистенција на Рафа Леао и егзекуција на Кристијан Пулишиќ за 1:0.
Во продолжение Милан беше сепак подобриот тим, а Пулишиќ пропушти одлична можност да реши се во 77.минута, по додавањето на Тео Ернандез.
Победникот беше решен во 88.минута и повторно по одлилната акција на Леао. Овојпат стрелец беше Ноа Окафор за 2:0.
Со оваа победа Милан е на чело на табелата со 18 бодови, со +3 пред Интер, кој вечерва гостува во Салернитана.
Лацио го забележа четвртиот првенствен пораз и е само 14-ти со седум бода.