Шпанецот, Хорхе Мартин од Прамак Дукати стигна до пол позицијата на 14-тата трка од Мото ГП шампионатот што се вози за ГН на Јапонија на патеката Мотеги.
За Мартин ова беше втора пол позиција сезонава, откако беше најбрз во квалификациите во Сан Марино.
Воедно возачот на Прамака Дукати постави и нов рекорд на патеката со време од 1:43.198 минути.
Тој го остави зад себе лидерот и шампион Бањаја од Дукати кој заврши втор и Џек Милер од КТМ кој имаше трето најдобро време.
Следуваат, возачот на ВР46 Дукати Марко Безеки, па Биндер од КТМ, Џиантонио, Марк Маркез, Вињалес, Алеиш Еспаргаро и Зарко од најдобрите 10 во квалификациите.
Бањаја е лидер со само 13 бода предност пред Мартин и 44 повеќе од Безеки.
Трката за ГН на Јапонија е закажана за утре од 08 часот.