Иако во декември ќе наполни 39 години, Леброн Џејмс за новата НБА сезона се подготвува како да има 20 години. 

Ова е констатацијата на генералниот менаџер на Лејкерси, Роб Пелинка, кој вели дека Леброн работел на својата физичка подготовка како да е дебитант. 

„Кралот“ Џејмс ќе ја игра 21-та сезона во кариерата, во која повторно ќе се обиде да стигне до шампионскиот трофеј. 

Лани на патот им застана Никола Јокиќ кој со Денвер го освои трофејот. 

„Леброн работеше максимално, за да биде добро подготвен како би избегнал повреди кои би го оддалечите од терените“, изјави кондицискиот тренер на Лејкерси, Дарвин Хам.

Џејмс во последните пет сезони, пропушти 111 меча, а за 15 сезони претходно не играше само на 71.

Клубовите го завршија основниот дел од подготовките и за неколку дена ќе почнат да играат натпревари.

До почетокот на новата сезона во НБА останува помалку од еден месец.