Екипата на Џирона продолжува позитивно да ги изненадува љубителите на фудбалот во Шпанија.,
Откако тимот од Каталонија вечерва го совладаа Виљареал на гости со 2:1 изби на првото место на табелата, пред Реал Мадрид и Барселона.
Трите гола беа постигнати во вториот дел. Во 49-тата минута преку Дани Парех од пенал Виљареал први поведе. Но, радоста на домашниот три траеше само седум минути кога Артем Довбик го израмни резултатот.
До новата, шеста победа во седумте одиграни натпревари, Џирона стигна со голот на Ерик Гарсија. Поранешниот фудбалер на Барселона во 61-та минута ги постави конечните 1-2 за гостите.
Сега Џирона има 19 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид кој на домашен терен го победи Лас Палмас со 2-0.
Во третиот натпревар натпревар одигран во Билбао, Атлетик и Гетафе „ремизираа“ играчки 2-2.