Демиен Лилард ќе ја продолжи кариерата во тимот на Милвоки Бакс.

Како што пренесува одличниот НБА „инсајдер“ Адриен Војнаровски, се е договорено за трансферот на Лилард во Милвоки.

Беше прашање на време и каде точно ќе заврши Демијан Лилард. Се споменуваа Торонто Репторс, Лилард сакаше во Мајами Хит, за на крајот да заврши Милвоки. 

Искусниот Лалард ќе биде големо засилувањет за тимот предводен од првата ѕвезда Јанис Антетокунмпо.

Две суперѕвезди следната сезона ќе го носат дресот на Бакс. Затоа пак тим ќе биде без Џо Холидеј, кој се сели во Блејзерс заедно со Денадре Ајтон, Тумани Камара, пик од првата рунда во 2029 година и уште два трејд пика.

Во трејдот е вклучен и тимот на Феникс Санс, во кој ќе бидат Јусуф Нуркиќ, потоа Грејсон Ален, Насир Литл и Кион Џонсон.