Екипата на Барселона очекуваше многу повеќе од кај Мајорка во 7.коло од Ла Лига, а едвај освои бод. Барса два пати имаше негатива, во меч кој заврши со резултат 2:2.
Минатото коло избраниците на Чави направија голем пресврт против Селта, но вторпат по ред не успеа да го повторат тоа.
Мајорка поведе во 8.минута по грешката на Марко Тер Штеген, а стрелец на голот за домаќините беше Ведат Муриќи. Барселона израмни во 41.минута кога Рафиња погоди за 1:1.
Нов шок за Барселона дојде во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Муриќи асистираше за Пратс кој погоди за водство на Мајорка од 2:1.
Во вториод дел Чави во игра ги уфрли младите, Фермини Лопез и Јамал кои внесоа живост во нападот на Барселона.
Тоа резултираше со израмнувачкиот гол во 75. минута. Стрелец беше Фермин Лопез на асистенција на Рафиња за конечни 2:2.
Барселона и понатаму е лидер на табелата со 17 бодови, а по неа е Жирона со бод помалку и Реал Мадрид со два. Мајорка по седум кола е на 15. место со шест бода.