Нешто порано од предвиденото, денеска со два натпревари започнува новата сезона во машката кошаркарска Прва лига.

Работнички и Феникс ќе играат во ФИБА Еврокупот, па затоа овие два тима денеска ќе ги одиграат првите натпревари сезонава.

Работнички, со неколкумина македонски репрезентативци, а заедно во четворицата странци, создаде конкурентен тим.

Тимот од „Градски парк“, а сега во СЦ „Кале“, за противник ќе го има составот на ТФТ. И во редовите на екипата од Тафталиџе имаше повеќе промени, но како и секогаш тие се со амбиции за највисок пласман.

Овој натпревар ќе се игра во СЦ „Кале“ во терминот од 18 часот, а еден час подоцна почнува и вториот.

Во салата „Шабан Трстена“, во скопски Чаир истоимената екипа е домаќин на Феникс во терминот од 19 часот.

И во овие два тима има големи промени во играчкиот кадар, па во текот на сезоната ќе се види  дали и колку ќе бидат конкуренти за највисок пласман.

Останатите четири натпревари ќе се играат претстојниот викенд.

Новајлиите во прволигашкото друштво Вардар и Охрид ќе играат во сабота во „Кале“.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне во Гевгелија против Кожув. Во Гостивар ќе гостува вицепрвакот Пелистер, а ФМП Академија е домаќин на кавадаречки Фени Индустри.

КОШАРКА – ПРВА ЛИГА – 1.КОЛО
среда
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТФТ
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
сабота
ВАРДАР – ОХРИД
недела
18.00 КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ЕУРО НИКЕЛ