Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов е новото име во тимот на Работички.

Николов кој минатата сезона настапуваше во турското првенство, е на списокот на играчи со кои Работнички утре ќе ја почне новата сезона.

Чекајќи нов ангажман во странство, Николов летово го мина тренирајќи со Работнички, а сега и официјално е дел од црвено-белиот тим. Ова е враќање на Николов во Работничка кој потекнува од младинската школа на овој клуб. Кристијан неколку сезони го носеше и дресот на „лутиот“ ривал МЗТ Скопје Аеродром.

Покрај Николов, во редовите на Работнички се уште неколкумина македонски репрезентативци. Во тимот е Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, се врати Виктор Ефремовски. Од ланската сезона останаа Бакоч, Тодоровски и младите Шошкиќ, Бошевски, Србиновски и Саити.

Тимот е надополнет со четворица странци: Американците Квентон Декоси и Димитрик Трис, Хрватот, Роберт Рикиќ и Србинот, Ѓорѓе Џелетовиќ.

Првиот официјален натпревар Работнички ќе го има утре (18 часот) против ТФТ.

Работнички покрај настапите во домашното првенство ја очекува и настап во ФИБА Еврокупот и тоа веќе во понеделник.

ФИБА ЕВРОКУП | Работнички и Феникс