Манчестер Сити со спектакуларен пресврт  го победи Тотенхем и остана во чекор со Арсенал. (4-2)

Избраниците на Пеп Гвардиола тргнаа очајно, па Тотенхем со головите на Кулушевски и Емерсон Ројал на полувреме имаше капитална предност од 0-2.

Играчите на Сити се до 50-тата минута не успеваа да го најдат патот до мрежата на Лорис, кога конечно Алварез намали на 1-2. По голот на Аргентинецот, следуваше вистинска инвазија на ,,граѓаните” кои за 10 минути постигнаа уште два гола, најпрвин преку Халанд во 53-тата минута, за да во 63-тата Марез целосно го сврте резултатот во нивна полза.

Конечниот резултат го постави Рајан Марез во 90-тата минута  со својот втор погодок