Без победник одиграа Данска и Хрватска 32:32 во еден од најинтересните дуели досега на првенството. Во првиот дел Хрватска најчесто водеше предводени од Циндриќ. Но, Данска најчесто кога не им одеше играа 7-6 и успеваа да се враќаат резултатски. Во вториот дел двете селекции имаа водство најчесто со гол предност. Во финишот Данска поведе по седмерецот на Хансен, а потоа Карачиќ изедначи. Последниот напад Данците го погрешија, а Циндриќ со удар од половина терен не успеа да погоди. Шипиќ со 9 голови беше најефикасен, а по 8 постигнаа Главаш од Хрватска и Хансен од Данска.

Во вториот дуел од вечерашната програма во Катовице Норвешка ја совлада Србија со 31:28, иако на почетокот на вториот дел Србите водеа и со 5 разлика (19:14).

По овој пораз Србија ги загуби шансите за четвртфинале, додека за Хрватска остана само теорија.