Првите осум натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите донесоа ефикасен и интересен фудбал.
Најголемата “драма“ се случи на „Олимпико“ во Рим. Со голот на голманот Проведел во петата минута од судиското дополнение (90+5), Лацио одигра 1-1 со Атлетико Мадрид.
Беа постигнати вкупно 23 голови, исклучат дуелот меѓу Милан и Њукасл.
Жоао Феликс за Барселона и Бразилецот, Галено за Порто постигнаа по два гола.