Андреас Јохан Нилсен новајлијата во тимот на Еурофарм Пелистер, сигурно најдобро го познава квалитетот на Алборг, следниот противник на битолчани во Лигата на шампоните.
На денешната прес-конференцијата пред натпреварот што ќе се игра в среда, Данецот го изнесе своето видување.
„Добро го познавам тимот на Алборг, играв со многу ракометари во нивната екипа, а со некои често бев и противник.
Сите знаеме колку се силни и тоа го покажаа на натпреварот против Киелце. Загубија во Суперкупот на Данска од ГОГ Гудме, но тоа и не е толку важно натпреварување во Данска.
Многу поважно е како реагираа потоа и наредија само победи во данското првенство и Лигата на шампионите”,
вели Андреас Јохан Нилсен.
Пелистерци утре заминуваат за Данска каде в среда ќе го играат мечот со Алборг со почеток од 20.45 часот.