Арманд Дуплантис, еден од најдобрите спортисти на денешницата. Шведскиот атлетичар продолжува да ги поместува границите во скок со стап.

Во Јуџин, на финалето на сезоната во Дијамантската лига, Дуплантис прескокна 6,23 метри. На тој начин го подобри сопствениот светски рекорд за еден сантиметар.

Тој ја надмина таа висина при првиот обид, а видеото со забавена снимка покажа дека нема да биде потребно долго, за да се дојде до идниот најдобар резултат на сите времиња.

За потсетување, Дуплантис има само 24 години и пред него се уште многу натпреварувања и можности за нови рекорди.