Игор Стефановски – Иџе, по трет пат во својата кариера стана европски шампион во автомобилизам.

Стефановски денеска на последната трка во Бузет, Хрватска, триумфираше на двете трки со што ја потврди својата доминација во шампионатот  за ридско-планински трки.

Иџе беше најбрз на првата трка во својата група, поставувачи нов рекорд на патеката. Тој и  во второто возење повторно имаше најдобро време.

За Стефановски ова е трета титула откако првите две ги освои во 2014-тата и 2015-тата година.

До трофејот Иџе годинава стигна со седум триумфи и три втори места на вкупно десетте трки.