Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц беа најбрзи на двата слободни тренинзи на патеката Марина Беј за Големата награда на Сингапур.
На првиот тренинг, Леклерк постигна најдобро време од 1:33.350 минути и беше за 0.078 секунди побрз од колегата Карлос Саинц.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, имаше трето време бидејќи беше 0,126 секунди побавен од Леклерк.
Возачот на Мекларен Ландо Норис беше четврти, пред дуото на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
На вториот тренинг Карлос Саинц беше најбрз со време од 1:32.120 минути.
Втор беше неговиот тимски колега Шарл Леклерк со заостанување од 0,018 секунди.
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел беше трет со 0,235 секунди заостанување, четврти беше Фернандо Алонсо од Астон Мартин со 0,358 секунди, а петти беше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес со 0,465 секунди заостанување.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис беше шести, со 0,591 секунди зад Саинц, а зад него беа возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен.
Ред Бул може да ја одбрани титулата кај конструкторите овој викенд, но тоа би било можно само доколку неговите возачи ги освојат првите две места.
Ред Бул е во серија од 16 победи, а неговите возачи победија на секоја трка оваа сезона.
Третиот тренинг на програмата е денеска во претпладневните часови, а квалификациите се од 15 часот.
Големата награда на Сингапур се вози утре од 14 часот.