Ханси Флик нема добро да го памети периодот на клупата на германската репрезентација.
Со него започна драстичен пад. На помалку од една година пред ЕП на кое Германија е домаќин, тој е стана првиот селектор кој добил отказ.
Откако беа елиминирани од групата на Светското првенство во Катар, каде Шпанија и Јапонија завршија пред нив, Флик остана на клупата.
По победа против Перу во пријателски натпревар почна лошата серија на Германците. Пораз од Белгија, реми дома од Украина, порази од Полска и Колумбија, и вчера дебакл во дуелот со Јапонија.
Јапонија славеше со убедливи 4:1, веднаш беше најавено интервју за Флик, при што денеска доби отказ.
Заедно со Флик заминуваат и неговите помошници, а на пријателскиот натпревар против Франција селекцијата Германија ќе ја предводат Руди Волер, Ханес Волф и Сандро Вагнер .
Веќе се споменати главните кандидати за наследник на Флик, а најголеми шанси има Џулијан Нагелсман.