Македонија е една од ретките репрезентации во светот која нема негативен биланс со репрезентацијата на Италија.

До сега Македонија и Италија имаат одиграно три натпревари. По една победа за двете селекции и еден натпревар заврши без победник.

Двапати досега сме играле во квалификациите за Светските првенства. За Мундијалот 2018-та, Азурите беа подобри за „влакно“.

На првиот натпревар во Скопје (09 октомври 2016), Италија стигна до победа во 92-минута со голот на Чиро Имобиле и направи целосен пресврт (3:2).

  • Александар Трајковски е „ноќна мора“ за Италијанците

Трајковски на двапати успеваше да постигне гол против Азурите.

Во истите квалификации, на реваншот во Торино (6 октомври 2017), Трајковски беше стрелец на израмнувачкиот гол за 1:1.

Но, голот на Трајковски во Палермо во баражот за Мундијалот во Катар (24 март 2022), Италијанците вечно ќе го паметат. Тој пораз сигурно е еден од најболните за Италија.

Во последниот дуел одигран во овие квалификации (ЕП 2024-та), во Скопје, Енес Барди на фантастичен начин им донесе „реми“ на црвено-жолтите со 1-1.

Во продолжение погледнете ги сите досегашни голови на четирите натпревари меѓу Македонија и Италија.