Хорхе Мартин од Прамак Дукати стигна до пол позицијата на 12-тата трка од Мото ГП шампионатот што се вози за ГН на Сан Марино на патеката Марко Симончели.

За Мартин ова беше прва пол позиција сезонава. Воедно постави и нов рекорд на патеката со време од 1:30.390 минути.

Дури четири десетинки Мартин беше побрз од Марко Бецеки од тимот ВР46, а во првиот стартен ред ќе им се придружи бранителот на титулата Франческо Бањаја.

Италијанецот мина без сериозни повреди и последици од несреќата во Каталуља пред само шест дена.

Следуваат, возачот на Априлија, Маверик Вињалес, пред пензионираниот Дани Педроса. Тој доби специјална покана да се натпреварува во Мисано како возач на КТМ.

Алеиш Еспаргаро е следен од Априлија со шестто време, па следен од Бред Биндер на КТМ и Лука Марини на ВР46.

Првите десет ги комплетираат осумкратниот светски шампион Марк Маркез од Хонда и Мигел Оливеира од Априлија.

Бањаја е лидер со 50 бода повеќе од Мартин во генералниот поредок.

Денеска се вози и Спринт трка од 15:00 часот, а трката за ГН на Сан Марино е закажана за утре од 14 часот.