Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги започнува квалификациите за пласман на ЕП 2025. Првиот натпревар македонските младинци ќе го играат против селекцијата на Шведска на гостински терен.

Ова ќе биде тежок предизвик за момците на Драги Канатларовски, но и одлична шанса за докажување дека се спремни за вакви предизвици.

Селекторот верува во момците на кои им ја дава довербата и очекува да продолжат со одличните игри.

За репрезентацијата на Шведска ова ќе биде втор натпревар откако на првиот славеа со високи 5:0 против аутсајдерот Гибралтар.

Натпреварот ќе се одигра денес во Јенчепинг, со почеток од 18 часот.