,,Бомбардерот” во нашата репрезентација, Александар Љафтов им ја честиташе победата над Црна Гора на сите негови соиграчи и целата македонска јавност, посочувајќи дека многу труд беше вложено во овој успех.

„Сакам да им честитам на целиот наш народ, на целата наша јавноста.

Само ние знаеме како стигнавме до овде и не ми доаѓаат зборови што да кажам.

Одигравме уште подобро отколку против Данска, се спремавме цело лето, но се исплати.

Почнавме лошо, но како и против Данска, спремни сме во главите. Искусни сме, ова е трето Европско првенство за нас, а имаме и психолог во репрезентацијата. Не беше лесно да се заврши овој натпревар“, заврши Љафтов.