Петтиот натпреварувачки ден на Светското кошаркарско првенство ги носи дуелите од последното 3.коло по групи.

Дел од репрезентациите веќе си ја завршија работата и обезбедија пласман во осминафиналната рунда.

Германците се сигурни осминафиналисти, па дуелот со Финска за нив, но и противникот е чиста формалност. Затоа пак втората средба Австралија – Јапонија директно решава за второто место во групата.

Во групата „А“ Доминиканската Република е сигурно прва. Но, нејзиниот противник Ангола се надева на втората позиција, за која ќе чека. чудо и услуга од домаќинот. Имено доколку Филипини ја изненадат Италија, а Ангола слави против Доминикана, африканската селекција патува во осминафиналето.

Египет и Мексико, како и Франција и Либан ќе играат за честа, бидејќи сите четирите селекции веќе претрпеа по два порази и немаат шанси за осминафинале.

Последните два натпревари се дуели на репрезентациите кои се веќе осминафиналисти, но кои ќе се обидат да завршат како прво пласирани во своите групи.

РАСПОРЕД – 3 КОЛО (ВТОРНИК)
09.30 ГЕРМАНИЈА – ФИНСКА (група Е)
10.00 АНГОЛА – *ДОМИНИКАНА (група А)
10.45 ЕГИПЕТ- МЕКСИКО (група Д)
11.45 ЛИБАН – ФРАНЦИЈА (група Х)
13.10 АВСТРАЛИЈА – ЈАПОНИЈА (група Е) за 2.место
14.00 ФИЛИПИНИ – ИТАЛИЈА (група А)
14.30 *ЦРНА ГОРА – *ЛИТВАНИЈА (група Д) за 1.место
15.30 *КАНАДА – *ЛЕТОНИЈА (група Х) за 1.место

* Селекции кои веќе обезбедија пласман во осминафиналето

СЕ ЗА МУНДОБАСКЕТ