Вечерва и утре ќе ги дознаваме последните патници во групната фаза на Лигата на шампионите
Останаа уште шест слободни места за групната фаза во фудбалска Лига на шампиони. Три од нив ќе бидат пополнети вечерва, а останатите три утревечер.
Ова откако ќе бидат одиграни реванш дуелите од последна квалификациска рунда.
Ниту една од дванаесетте екипи не создаде поголема предност на првите натпревари, па затоа нé очекуваат интересни и неизвесни реванш средби.
Мала предност ќе има екипата на Галатасарај која пред своите симпатизери против норвешкиот Молде ќе започне со гол предност.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (реванш)
вторник
ПАНАТИНАИКОС (Грција) – БРАГА (Португалија) (1-2 прва натпревар)
ЈАНГ БОЈС (Швајцарија) – МАКАБИ ХАИФА (Израел) (0-0)
ГАЛАТАСАРАЈ (Турција) – МОЛДЕ (Норвешка) (3-2)
среда
АЕК (Грција) – АНТВЕРПЕН (Белгија) (0-1)
КОПЕНХАГЕН (Данска) – РАКОВ (Полска) (1-0)
ПСВ (Холандија) – Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) (2-2)
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи во Монако во четврток (31 август).