Македонија утре го започнува третиот настап на Европските првенства, но прв пред домашната публика.

Тоа секако ќе биде мотив повеќе за македонските одбојкари да се претстават во најдобро издание.

Желбата е пласман во нокаут рудата, за која селекторот Јошко Миленковски вели дека не се прашува само Македонија. Но, со поддршката од публиката и тоа е можно.

„Овие момчиња секој ден даваат се од себе, за да ја претстават Македонија во најдобро можно светло. Ова е најголем одбојкарски настан во нашата земја.

Тоа е можност да ја претставиме државата и нашиот спорт.

Желба ни е пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но не зависи само од нас туку и од противниците.

Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да направиме сé да се пласираме во втората фаза. Aмбициите се да им се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации.

Имаме сили за тоа, верувам дека по завршувањето на ова ЕП ова ќе биде една нова историја за нашиот спорт“,

изјави Миленковски.

Македонија започнува утревечер (20 часот) со дуелот против Данска.

Во ,,скопската – Ц” група се и Полска, Црна Гора, Холандија и Чешка.

Пласман во осминафиналето ќе обезбедат четирите најдобри репрезентации во секоја од четирите групи.