Aктуелниот шампион на Италија, Наполи продолжува со победите откако вечерва на домашен терен со 2:0 го совлада Сасуоло.

Најдобриот стрелец од минатата сезона Виктор Осимен го доведе актуелниот шампион во водство, откако прецизно го реализираше ударот од 11 метри во 16-тата минута.
Голема шанса да ја удвои предноста имаше Распадори кој во 60-тата минута не искористи пенал.

Сепак, само четири минути подоцна, Џовани Ди Лоренцо на одлично додавање на Кварацкелија успеа да го удвои водството.
Иако Наполи имаше уште неколку изгледни прилики за гол и уште посигурна победа, сепак мрежите мируваа па конечниот резултат остана 2-0.

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас панса за настап доби во 83. минута од натпреварот.

За Наполи ова е втор триумф со кој најавуваат борба за титулата и оваа сезона.