„Старата дама“ одигра разочарувачки натпревар и на домашен терен против Болоња освои само бод, откако ремизираше 1:1.

Бледото прво полувреме и грешката на одбраната на Јувентус ја валоризира гостите преку Фергусон во 24-тата минута кога дојдоа до предност од 0:1.

Како одминуваше натпреварот, Јувентус фаќаше ритам, а полека почнаа да се закануваат кон противничкиот гол.
Првата сериозна шанса дојде во 56-тата минута кога Влаховиќ погоди за изедначување, но голот беше поништен поради пасивен офсајд од Рабио.

Макс Алегри фрли се на една карта до крајот и ги уфрли сите офанзивни играчи, а токму резервистите Погба и Илинг Џуниот креираа шанса по која Влаховиќ во 80-тата минута погоди за 1:1.

И покрај сите напори и напади на домаќините, Скорупски го одбрани својот гол и донесе важен бод за Болоња.

Разочарувачки натпревар одигра и Фиорентина кои на домашен терен испуштија два гола пресност против Лече и одигра само 2:2.

Домаќините отворија одлично преку Гонзалез во третата минута и Данкан во 25-тата минута за сигурна предност од 2:0.

Сепак работите тргнаа лошо во вториот дел па Лече во 49-тата преку Хамза Рафиа намали на 2:1.
Целосно враќање во мечот дојде преку Крстовиќ во 76-тата минута кога изедначи на 2:2, и донесе голем бод за Лече.