Новото супер засилување на минхенски Баерн, Хари Кејн со два гола учествуваше во победа на својот тим од 3:1 над Аусбург.
Нова одлична претстава на Баерн и нова висока победа за сигурни две победи на стартот.
Иако на почетокот домаќините се мачеа, сепак несреќна реакција на противничкиот дефанзивец Удокаи, во 33-тата минута кој ја затресе сопствената мрежа им донесе предност од 1:0.
Ваквиот расплет им даде ветер во грб на избраниците на Тухел, кои за 10 минути постигнаа уште гол, преку Хари Кејн кој успешно го реализираше ударот од 11метри.
Англиското супер засилување со својот втор гол на натпреварот во 69-тата минута донесе предност од 3:0 и го реши прашањето на победникот.
Почесен гол за Аузбург постигна Хрватот Бељо, кој во 86-тата минута ги постави конечните 3:1.