Ракометарите на Вардар попладнево ќе го играат првиот натпревар од плеј-оф рундата против Рајн Некар Левен.
Германската екипа е добро познат противник на вардарци. Во минатото овие два тима честопати се среќаваа меѓусебни и тоа во елитната Лига на шампони.
Традицијата е на страната на Вардар кој на 11-те меѓусебни дуели има остварено седум победи, наспроти трите на противникот, а еден натпревар заврши нерешено.
На последните два во сезоната 2018/2019 кога црвено-црните втор пат стигнаа до трофејот во шампионската лига. Вардар тогаш ги доби двата натпревари против Рајн Некар во групната фаза.
Но, сега германскиот тим ја има фаворитската улога. Сепак, таа ќе треба да ја потврди на теренот.
Вардарци пак се надеваат дека со големата поддршка од трибините ќе може да извлечат повоен резултат пред реваншот закажан за следната недела во Германија.
Денешниот дуел меѓу Вардар и Рајн Некар Левен, што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 19 часот.