Завршија пред-квалификациските турнири за Олимписките игри во Париз следната година.
На Олимпијадата сигурно ќе ја нема Аргентина. За тоа се погрижија кошаркарите од Бахами. Тие во финалниот меч на турнирот во Ла Банд, ја победија Аргентина со 82:75.
Така Аргентина прв пат по 2000-тата година нема да настапува на Олимписките игри.
Покрај Бахамите, пласман во главните квалификации обезбедија и: Полска и Хрватска (Европа), Камерун (Африка) и Бахреин (Азија).
Овие пет селекции задно со уште 19 репрезентации следната година ќе играат на четири квалификациски турнири, од кои само победниците ќе настапат на Олимпијадата.
Во Париз сигурно ќе ги гледаме домаќините Французите, како и најдобрите седум селекции на претстојното Светско првенство кое започнува во петок, а ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Филипините.