Шпанскиот шампион Барселона со многу мака стигна до трите бодови во дуелот со Кадиз. Каталонскиот гигант ја оствари првата победа во новата сезона славејќи пред своите симпатизери со 2-0.
Навидум, резултатот не о говори тоа, но тимот на Кадиз се покажа како тврд орев на гостувањето на „Монжуик“.
Барса отпорот на Кадиз го скрши во завршните десетина минути.
Прво Педри во 82-та минута по убавата двојна акција со Гундоган го отвори резултатот.
Во судиското дополнение (90+4), акција во три потега. По долгиот докажан на Терштеген, Левандовски убаво со глава го проигра Феран Торез кој изби сам пред противничкиот голман и не му беше тешко да постигне гол за конечни 2-0.
Ова е прва победа на Барса во новата сезона, откако актуелниот првак во воденото коло одигра 0-0 со Гетафе.