Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од денес до недела ќе се одржи 47-то издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Годинашното издание ќе има интерконтинентален карактер. Покрај репрезентацијата на македонската репрезентација ќе настапат и селекциите на Грција, Египет и Јапонија.

Според програмата, секој ден ќе се играат по два натпревара во термините од 17:30 часот и 20:15 часот.

Ова се последните контроли за нашите одбојкари пред континенталното првенство.

Влезот во салата е слободен, па одбојкарите очекуваат поддршка од трибините, како „генерална проба“ за дуелите на ЕП во Скопје. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка”
Петок:
17.30 Грција – Египет
20.15 МАКЕДОНИЈА – Јапонија
Сабота:
17.30 Јапонија – Грција
20.15 МАКЕДОНИЈА – Египет
Недела:
17.30 Египет – Јапонија
20.15 МАКЕДОНИЈА – Грција