Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија ги одбројува деновите до новиот настап на Европското првенство. Овој ќе биде посебен бидејќи ќе игра пред домашната публика.
14 дена остануваат до почетокот на Европското првенство за одбојкари што ќе се одржува во четири земји меѓу кои и Македонија.
Тоа секако е мотив повеќе за најдобрите македонски одбојкари да се прикажат во најдобро можно светло пред домашната публика во Скопје.
„Ова е една ретка можност да го искажеме нашиот квалитет, пред нашата публика, во нашата земја. Македонија. Ќе ја искористиме таа можност која е една од наголемите во историјата не само на нашиот спорт туку и нашата земја, да се прикажеме во најдобро светло. Промоцијата на опремата и дресовите, овој пехар овде иако е тешко да го освоиме, сепак се мотив повеќе, овие одбојкари да потврдат дека заслужено и со гордост ги носат овие дресови, на репрезентацијата на Македонија3“, изјави селекторот Миленковски при промоцијата на опремата со која одбојкарите ќе настапат на шампионатот.
Подготовките влегуваа во финалната фаза, во која ќе се работи пред се на тактички план.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски се во својата база СЦ „Борис Трајковски“ каде впрочем ќе се играат и натпреварите на европскиот шампионат.
Следуваат заеднички контролни тренинг-натпревари со Јапонците.
Од петок до недела, ќе следуваат и последните контроли. Настапат на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, на кој учество ќе земат и селекциите на Јапонија, Египет и Грција.
Потсетување дека натпреварите на ЕП во „скопската“ група ќе започнат на 30 август.
Противници на Македонија редоследно ќе бидат: Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.