Екипите на Пелистер и ТФТ се во Златибор каде се одржува првиот турнир во новата сезона на АБА2 лигата.
А, токму на стартот се играше и македонското дерби. Кошаркарите на Пелистер забележаа победа во дуелот со скопскиот ривал ТФТ со 75-65.
Навидум резултатот и не ја одразува вистинската слика на теренот со оглед на фактот дека битолчани во еден миг имаа и убедливи 30 поени предност во последната четвртина.
Денеска двата тима имаат ден за одмор, а веќе утре ќе ги играат натпреварите од 2.коло.
ТФТ кој потсетуваме е дебитант во ова натпреварување, во терминот од 18 часот ќе се сретне со црногорскиот претставник Сутјеска, додека Пелистер кој ја игра својата втора сезона утревечер од 21 часот ќе игра против екипата на Шенчур од Словенија