Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја оствари првата победа во АБА лигата. 

Сино-белите пред своите симпатизери во „Јане Сандански“ го совладаа црногорскиот тим Студентски Центар со 92-79 во дуел од 4.коло.

„Победивме одличен тим. Момците го испочитуваа договореното и дојдоа до голема победа. Бевме во грч со екипата на Гостивар, бидејќи играчите после натпреварот во Подгорица беа со мислите кон Студенски центар. Сега ќе ни биде полесно. Пофалби за сите играчи, а посебно за Кафи, кој одигра феноменална партија. Продолжуваме со тешкиот распоред со оглед што за една недела играме во Љубљана против Цедевита Олимпија“, изјави по натпреварот Алаксандар Петровиќ, тренерот на МЗТ Скопје.

МЗТ во среда ги очекува дербито во домашниот шампионат против Работнички, а веќе во сабота ќе гостуваат во Љубљана кај Цедевита Олимпија.