Шампионот Струга Трим Лум остана единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена.

Стружани во четврток ќе го играат првиот натпревар од 3.коло во квалификациите за групната фаза во Конференциската лига.

Противник е екипата на Есперанж од Луксембург која нема којзнае какво реноме и искуство на меѓународен план.

Доколку стружани го минат овој тим (а нема причина да не биде така), тогаш во последната квалификациска рунда би имале можен противник по мерка.

Тоа би бил тим што ќе биде елиминиран во Лигата на Европа.

Пред денешната ждрепка закажана за 14 часот, УЕФА ги објави потенцијалните противници на Струга, за пласман во фазата по групи во Конференциската лига.

Тоа би бил некој од поразените тимови од дуелите: Зрињски – Брејдаблик, Карабах – Хелсинки, Астана – Лудогорец.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА (Квалификации)