Најдобрите македонски одбојкари, макотрпно се подготвуваат за Европскиот шампионат, чиј ко-домаќин ќе биде Скопје.
Речиси 20-тина дена избраниците на Јошко Миленковски ги минаа сите можни фази од подготовките. Последната беше вчерашната кога заедно со селекцијата на Романија одработија заеднички тренинг.
Е, токму денеска Романците ќе бидат првиот во низата „спаринг“ партнери на македонските одбојкари.
Имено попладнево од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ селекциите на Македонија и Романија ќе одиграат официјален контролен натпревар.
Влезот во салата е слободен, па затоа редно е на нашите одбојкари да им покажеме дека ќе имаат голема поддршка за време на Европскиот шампионат. Одбојкарите тоа го заслужуваат. Затоа сите во сала.
Оние кои сеуште не обезбедиле влезници за првенството што почнува на 30 август, тоа може да го сторат на следниот начин.