Барселона и Милан ја продолжија својата американска турнеја со натпревар во Лас Вегас.
Интересниот натпревар во кој двете екипи демонстрираа голема неефикасност, заврши со победа на Барселона од 1:0.
Моментот на одлука се случи во 55. минута кога Ансу Фати постигна прекрасен гол, од левата страна на шеснаесетникот прекрасно шутираше во спротивниот агол и го совлада Маињано.
Пред почетокот на првенството, Милан ќе одигра уште два пријателски натпревари против Монца и тунискиот Етоал Сахел, а сезоната ќе ја отвори на 21 август на гости кај Болоња.
На Барселона и претстои уште подготвителен натпревар против Тотенхем, кој ќе биде генерална проба за првото коло во шпанското првенство и гостување кај Хетафе.