Асоцијацијата на спортски обложувалници во Македонија (АСОМ), ја продолжува општествената одговорност.
АСОМ веќе подолг период помага во повеќе области, првенствено спортот. Веќе неколку млади талентирани спортисти се дел од програмата „Вложуваме во млади таленти.“
9-годишниот Јован Кутаноски е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон и е првиот талент поддржан во вториот циклус на оваа кампања на АСОМ.
„Талентот и енергијата кои Јован ги поседува се навистина импресивни, а неговите резултати говорат дека се работи за дете со огромен потенцијал, пред кое стојат уште многу успеси со кои нашата држава ќе се гордее“ ,
истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
Станува збор за исклучителен талент кој на свои 3 години успеал да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.
Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран. На меѓународен план, младиот Јован може да се пофали со повеќе успеси. Освоените први места во Хрватската триатлон лига, како и на натпреварување во Германија, во својата категорија.
Ова не е прв спортист кој е дел од програмата на АСОМ.
Еден од „стипендистите“ на АСОМ е и младиот пливач Димитар Бошњаков, за кого веќе пишувавме.