Екипата на Манчестер Јунајтед не се прослави на турнејата во САД. „Црвените ѓаволи“ го претрпеа и третиот пораз во низа, откако Борусија Дортмунд беше подобра од нив.
На натпреварот одигран во Лас Вегас „Милионерите“ славеа со 3:2.
Иако натпреварот одлично почна за англискиот тим кој со голот на Далот во 24 минута поведе со 1-0, во продолжението слегуваше пресврт.
За тоа се погрижи Дониел Мален кој со два гола за само еден минута (43 и 44) го сврте резултатот.
Во вториот дел Бразилецот, Ентони (52) израмни на 2:2. Иако „црвените ѓаволи„ се обидуваа да дојдат до предност тоа не е случи.
Напротив. Германскиот тим преку Мукоко во 71-минута стигна до третиот погодок и триумф од 3:2.
Двата тима продолжуваат со подготвителните натпревари. Дортмунд за противник во четврток ќе го има Челзи, а Јунајтед во сабота ќе игра со Ленс.